Владимир Кличко: Напад на Киев може да се случи во секој момент

пред 3 години

Владимир Кличко, припадник на украинските сили за територијална одбрана, поранешен боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, за Си-Ен-Ен изјави дека руските војници денеска напаѓаат области низ Украина, а нивна главна цел е главниот град Киев.

– Во наредните денови очекуваме значаен напад на главниот град. Тие се прегрупираат. Тие се обидуваат да најдат различни стратегии и се обидуваат да го најдат вистинскиот начин и вистинското време. Значи секој час е важен, а потоа во секој момент очекуваме напад на главниот град, особено, како што реков, во наредните денови. Нивна цел е главниот град – рече Кличко.

Share
Scroll to Top