Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска објави дека САД ги укинуваат трговските преференции за Русија поради нападот врз Украина.
Во обраќањето пред Белата куќа, тој додаде дека САД ќе го забранат увозот на дијаманти, морски плодови и вотка од Русија како дел од тие мерки, пренесува „Ројтерс“.
Белата куќа соопшти дека се воведуваат санкции против уште еден број руски граѓани, меѓу кои и директори на банки кои веќе се санкционирани, како и пратеници на руската Дума.