(Видео) Најдолгиот автомобил во светот има терен за мини голф и хелиодром

(Видео) Најдолгиот автомобил во светот има терен за мини голф и хелиодром

пред 3 години

Мајкл Менинг од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди со најдолгиот автомобил на светот. Неговиот Cadillac Eldorado од 1976 година е споен во два дела и има вкупна должина од повеќе од триесет метри. Автомобилот има 26 тркала, а во него има голем воден кревет, базен во комплет со даска за скокање, џакузи, када, терен за мини голф и кабина во која може да се соберат 75 луѓе.

Овој автомобил го чинел Менинг 250.000 долари. На него има и хелиодром со специјални челични носачи. Менинг рече дека наскоро планира да го смести во музеј.

„Пресреќен сум што конечно ја завршивме работата и го извлековме автомобилот од гаражата, но морам да ве разочарам, едноставно е предолг за да го пуштиме на пат. Ќе биде изложен во музејот за автомобили во Дезерленд Парк“, рече Менинг.

Share
Scroll to Top