Утрово дошло до дополнително засилување на нападот во главниот град на Украина Киев.
Локалните власти велат дека фабриката за сериско производство авиони била погодена од руски гранати. Според Гардијан, не се знае колкава штета е направена.
The Antonov aviation industry plant in #Kyiv is on fire. pic.twitter.com/Wtc02RLLJb
— NEXTA (@nexta_tv) March 14, 2022
Местото, познато и како Гостомел, се наоѓа на околу 11 километри северозападно од центарот на Киев и е најважниот меѓународен карго аеродром во земјата, како и клучна воена воздухопловна база. Серија видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат густ облак чад кој се издига над аеродромот.
Малку по пет часот погоден е и станбен блок во областа Оболон во Киев. Според првите информации две лица загинале, а тројца се повредени.
Локалните медиуми јавуваат дека била погодена ТВ кула кај Ривне во западна Украина. Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.