Илон Маск го предизвика Путин на борба за Украина

пред 3 години

Илон Маск се огласи на „Твитер“ со порака упатена до рускиот претседател Владимир Путин. Тoј објави твит предизвикувајќи го да влезат заедно во ринг и да се борат.

„Сакам да го предизвикувам Путин на борба еден на еден. Влогот е Украина“, рече Маск.

Една фан го праша дали би се изненадил ако Путин му го прифати предизвикот, на што Маск му одговори дека би му било чест. Имаше и такви кои му порачаа да си легне порано и да води повеќе сметка за неговата компанија SpaceX, а се појавија и оние кои фаќаа сеир.

Еден од нив објави и видео од Путин и Маск во боксерски ринг.