Vanced беше популарна third-party YouTube апликација за Android, која на корисниците им пружаше искуство без реклами, приказ на дислајкови и многубројни корисни функции.
YouTube Vanced, апликацијата која на корисниците им обезбедуваше „повеќе од YouTube“, официјално ќе биде затворена за неколку дена. Зад тоа стои фактот дека Google испрати писмо до корисниците на Vanced дека го откажуваат проектот, што ги принуди програмерите да престанат да ја дистрибуираат и развиваат апликацијата.
„Укинат е Vanced. Врските за преземање ќе бидат отстранети во наредните денови. Знаеме дека ова не е нешто што сакате да го слушнете, но тоа е нешто што треба да го направиме. Ви благодариме на сите што не поддржувавте низ годините“, напиша тимот кој стои зад Vanced на Twitter.
Vanced has been discontinued. In the coming days, the download links on the website will be taken down. We know this is not something you wanted to hear but it’s something we need to do. Thank you all for supporting us over the years.
— Vanced Official (@YTVanced) March 13, 2022
Ситуацијата накратко ја коментираше и еден од администраторите на Vanced за The Verge, велејќи дека од нив било побарано да ги отстранат сите референци на YouTube и да го променат логото и да ги отстранат сите линкови до производите на YouTube.
Тимот на Vanced забележува дека апликацијата ќе продолжи да работи на веќе инсталирани уреди со Android, но бидејќи нема да има повеќе ажурирања, најверојатно, велат тие, ќе застари за околу две години.