Пендаровски на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со амбасадорите на четирите земји членки од Вишеградската група, акредитирани во Северна Македонија, амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски, на Чешка, Јарослав Лудва, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата била поздравена континуираната соработка со земјите од Вишеградската група, посочувајќи ја нивната приниципиелна поддршка на еворинтегративниот процес на нашата земја, како и нивната солидарност и подготвеност за практична помош.

„Пендаровски истакна дека со оглед на актуелните геополитички околности, деблокадата на македонските евроинтеграции и неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, се исклучително важни за долгорочна стабилност и безбедност на регионот“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека во контекст на војната во Украина, бил реафирмиран ставот дека Северна Македонија најостро ја осудува руската инвазија и согласно можностите и капацитетите е подготвена да даде хуманитарана поддршка, во однос на бегалската криза.

Биле разменети и мислења за можните влијанија на руската агресија врз поширокиот регион од безбедносен аспект, како и за економските импликации и модалитетите за справување со предизвиците.

Share
Scroll to Top