Бајден можеби ќе отпатува за Европа на разговор со сојузниците

пред 3 години

Претставници на Белата куќа разговараат за можноста Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара за Русија и Украина со сојузниците.

Ова во понеделникот го изјави извор запознаен со ситуацијата. Неизвесно е дали патувањето ќе се реализира, бидејќи плановите се уште не се финализирани, додаде неименуван извор, пренесе „Ројтерс“.

Белата куќа одби да ги коментира информациите.

Share
Scroll to Top