Поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон (42) се ожени со поранешната зајачица на Плејбој, Бритни Вард (31), откако неколкупати ја одложија венчавката, пренесуваат странските медиуми. Тие требаше да се венчаат во 2019 година, но беа принудени да ја одложуваат својата венчавка повеќе од еднаш поради доаѓањето на нивниот син Хендрикс (2) и ќерката Лени Монроу (14 месеци)
Батон и Вард имаа раскошна церемонија на Флорида, каде присуствуваа нивните роднини и пријатели, меѓу кои актерката Рене Зелвегер и нејзиното момче телевизиски водител, Ант Анстед, како и британскиот тркачки возач Крис Бункомб.
Џенсон носеше традиционален смокинг. Бритни преку ден носеше шик фустан од тантела, додека вечерта облече сатенска тоалета.
Парот се запозна во 2016 година, само три месеци откако Џенсон официјално се разведе по едно година брак со својата прва сопруга, манекенката Џесика Мичибата, со која се ожени во 2015 година. И таа во меѓувреме најде нова љубов. Во 2018 година, Бартон и Вард се свршија.