Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ја предупреди Кина дека ќе биде изолирана доколку ја поддржи Русија во нејзината агресија против Украина.
Тој му рекол на високиот кинески дипломат Јанг Џичи дека Пекинг може да се соочи со економски казни и глобална изолација доколку и помогне на Русија, објави „Ројтерс“.
„ На повеќечасовниот состанок во Рим, американските претставници им рекоа на сојузниците на НАТО и на некои азиски земји дека Кина дала сигнал дека е подготвена да и помогне на Русија воено и економски во војната“, според двајца американски дипломати. „Ова е реално, има последици и е вознемирувачко“, вели еден од надлежните.
По средбата, Белата куќа објави кратко соопштение во кое се наведува дека Саливан презентирал „преку прашања за американско-кинеските односи, со значаен разговор за руската војна против Украина“.
„ Соговорниците истакнаа дека е важно да се одржат отворени комуникациски линии меѓу САД и Кина“, се вели во соопштението.
Кинеските компании кои се спротивставуваат на американските санкции за извоз во Русија би можеле да останат без американска опрема и софтвер потребни за производство, изјави минатата недела американската министерка за трговија Џина Раимондо.