Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната пленарна седница обвинувајќи за непочитување на деловникот.
Од ВМРО-ДПМНЕ образложија дека ја напуштиле седницата поради тоа што одлуката за изменување и дополнување на Одлука за избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, повторно се стави на пленарна седница без да го помине филтерот, а тоа е самата Комисија.
„Членот 20 од Деловникот предвидува да изборот на членовите на Комисијата за изборите и именувањата на конститутивната седница, се врши на пленарна седница. Меѓутоа веќе сме активни и имаме одредени работи на таа Комисија, така да промената и измената на членовите треба да оди согласно членот 108 од Деловникот кој што владејачкото мнозинство и претседателот Џафери упорно го избегнуваат, каде што вели дека изборот на претседател и членови на работни тела оди по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а врз основа на листата што ја предлагаат пратеничките групи“, изјави координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој оцени дека е очигледно прекршувањето на Деловникот. Обвини дека владејачкото мнозинство несакајќи да ја поминат целата деловничка процедура преку Комисијата за избори и именувања, тоа пополнување на Комисијата планираат да го направат преку пленарна седница.