Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО

пред 3 години

Доцна вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина може да ја повлече својата кандидатура за приклучување кон воената алијанса на НАТО, што се чини дека е главното барање на Русија.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влезот на Украина во НАТО.

„ Вчера повторно разговарав со Володимир и секако разбирам што кажа за НАТО и реалноста на сегашната позиција. Сите отсекогаш велеле, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО“, додаде тој.

Сепак, како што рече, конечната одлука за влез во НАТО е на Украина и нејзиниот избран претседател и дека Британија ќе ја поддржи Украина, каква и да е таа одлука.