Полицијата поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и А.С.(38) од Скопје поради измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во комјутерски системи.
„Првопријавениот П.С. во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 26-годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници. Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип“, соопшти МВР.