Руските сили употребија солзавец врз украинските демонстранти во градот Скадовск, окупиран од Русија.
Таму вчера имаше демонстрации против затворањето на градоначалникот и уште двајца функционери, вели граѓанин кој сакал да остане анонимен, јавува Си-Ен-Ен.
Руските војници го приведоа градоначалникот Александар Јаколев, неговиот заменик Александар Гришенко и секретарот на градскиот совет Јуриј Паљуха во средата наутро.
Десетици жители на пристанишниот град на Црното Море се собраа околу пладне пред зградата на владата, каде што беа растерани од полициски службеници.