Каролина Биевлеска од Полска е Мис на светот. Каролина е на магистерски студии по менаџмент и вели дека сака да ги продолжи студиите со докторат. Освен што работи и како модел, таа ужива во пливање и нуркање и играње тенис. Еден ден таа се надева дека ќе стане мотивациски говрник.
По крунисувањето Каролина се расплака и рече:„ Кога го слушнав моето име бев шокирана, сè уште не ми се верува. Чест ми е што ја носам круната на Мис на светот и едвај чекам да одам на работа. Ќе го паметам ова
неверојатно поглавје во Порторико до крајот на мојот живот“. Прва придружничка е Шри Саини од САД, а втора Оливија Јејс од Брегот на Слонова
Коска. Шоуто на Мис на светот беше емитувано во над 100 земји.