Ковачевски: Партнери сме со Црвен крст во заштитата на животот и здравјето на сите граѓани

пред 3 години

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска учествуваше на настан по повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски ја искористи приликата да се зачлени како волонтер во редовите на Црвениот крст, а за успешната соработка со Владата и посебните заложби во остварувањето на мисијата на оваа хуманитарна организација на премиерот му беше доделено признание.

Ковачевски изјави дека Црвениот крст е симбол на обединување на сите хуманитарци, крводарители, сите доброволци и дарители на помош на луѓето во целиот свет, на категориите граѓани, кои во одреден момент се нашле во неповолна ситуација.

„Владата и ресорните министерства, единиците на локална самоуправа и локалните институции, со Црвениот крст обезбедуваат комуникација и соработка во спроведувањето на активностите за подобрување на добросостојбата на заедницата во мирновременски услови и при кризни состојби.Обезбедуваме поддршка, при организирањето акции за подигањето на јавната свест за заштита од катастрофите, промоцијата на доброволно крводарување и надминување на кризните ситуации кога има потреба од хуманитарна поддршка.

Share
Scroll to Top