Владата ќе одвои 120 милиони денари за сместување и помагање на бегалците од Украина

пред 3 години

Владата на денешната 30-та седница, го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.

Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности.

 

Share
Scroll to Top