Баножиќ: Дронот дефинитивно дошол од Украина, се утврдува кому му припаѓал

пред 3 години

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ изјави дека дронот, кој падна минатата недела во Загреб, дефинитивно дошол од Украина, но дека истрагата ќе утврди кому му припаѓал во тоа време, како е лансиран и зошто е лансиран.

„Самата динамика на презентирање информации може да создаде конфузија, тоа го имавме неколку дена. Ја разбирам јавноста во овој момент кога и социјалните мрежи и интернетот ја прават својата брзина на информации многу поголема отколку што беше порано и секоја информација се множеше до следната презентација“, изјави Баножиќ.

Нагласи дека отвореното извидување открило дека станува збор за извидувачки авион кој имал своја намена во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, но бил исфрлен од системот на советските земји и вратен на украинската армија во 2014 година за време на борбите во Донбас , пренесуваат хрватските агенции.

Министерот рече дека на леталото има одредени знаци и дека на некои фрагменти има траги од експлозив, па се сменила сликата дека не се работи за извидувачки дрон, туку дека постои можност за одредена модификација.

„Истражителите во саботата утврдија дека има фрагменти што укажуваат дека имало и авиобомба“, додаде тој.

„Можеме да заклучиме дека имаме околу 95 проценти од тој проектил што се наоѓал во внатрешноста на леталото. Наскоро ќе и го покажеме на јавноста“, рече тој и додаде дека постапката ја води Државното правобранителство во соработка со воената полиција и крим полицијата.

Share
Scroll to Top