Легендарниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов во разговор за шпански „АС“ изјави дека е воодушевен од хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, па дури го спореди со фудбалски магионичари од калибарот на Чави и Иниеста.
„Модриќ не игра, тој лета. Без никаква дилема, тој е еден од 3-4 фудбалери од средниот ред кои се најдобри во последната декада. Модриќ дефинитивно е на нивото на Чави и Иниеста. Не е случајно што токму тој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо при доделувањето на `Златната топка`“ – смета Бербатов.
Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер Јунајтед смета дека Модриќ има уште многу да понуди.
„Модриќ има 35 години, но кога имате таква способност на читање на играта, тогаш можете да играте се додека чувствувате дека можете. Ако продолжи како сега, пред него се уште неколку сезони кариера на врвно ниво“ смета Бугаринот.