СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може се помири со ефикасната борба на полицијата против криминалот

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што полицијата ефикасно и неселективно се бори против секаков вид криминал, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, кој го обвини министерот Оливер Спасовски за неспособност.

Како што велат од партијата на власт, официјалните податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

„За само два месеца запленети околу 1,2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра.

За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра а постојано се приведуваат крадци, разбојници, дилери, криминалци барани со потерници.

Се постапува и се апсат лица за корупција како што беше вчерашниот случај со инспекторката во Инспекторатот за земјоделие во Прилеп“, се наведува во партиската реакција во која се додава и дека според релевантни меѓународни истражувања, Северна Македонија е најбезбедна земја во регионот.