„Управата за јавни приходи како и сите останати институции дејствува според законите и постапува неселективно и ефикасно. Преку редовните контроли на УЈП се штити стандардот на граѓаните од субјекти кои преку непочитување на законите сакаат да профитираат во време на криза. Ако роднина на сопруга на функциониер од ВМРО-ДПМНЕ не го почитувала законот не може да се брани со партиски соопштенија и да се прават конструктиции“, се вели во писменото соопштение од страна на СДСМ.
Појаснуваат дека делувањето на УЈП е да се спречат манипулации со цените врз грбот на граѓаните среде криза.
„И додека УЈП делува по закон и за сите подеднакво, ВМРО ДПМНЕ не штити прекршувачи на законите“, стои во писмената реакција од СДСМ.