Украинските медиуми објавија вознемирувачко видео на кое наводно се прикажани конвои со телата на убиените руски војници во Украина, кои Белорусите ги враќаат во Русија.
Белоруските медиуми и каналот Телеграм со денови пишуваат дека многу ранети руски војници се префрлени во Белорусија, каде што им е укажана прва помош, а потоа се транспортирани понатаму во Русија.
Сведоците тврдат дека ранетите руски војници се во Гомел, Мосир и уште еден белоруски град и дека ранетите често се носат „без раце, нозе, уши или очи“, пишуваат агенциите.
Buses with wounded invaders in #Gomel. It is also reported that more than 2,500 dead were taken to #Russia from there. pic.twitter.com/4UnEjf59z4
— NEXTA (@nexta_tv) March 19, 2022
Медиумите објавија видео на кое се гледа како возила на воената амбуланта поминуваат низ белорускиот град Гомел, кој граничи со Украина.
Од медицинскиот персонал од Гомел наводно изјавиле дека нивните мртовечници се полни. Тие тврдат дека 2.500 тела се испратени во Русија од 13 март и дека телата се преместуваат со воз и авиони во ноќта.
„Патниците на железничката станица во Мосир беа шокирани од бројот на телата натоварени во возот. Откако луѓето почнале да го снимаат видеото, војската ги уапсила и им наредила да ја избришат снимката“, изјавил еден жител на Мосир.