Најмалку 95 лица се повредени во судар на два воза во јужните предградија на Тунис.
Портпаролот на цивилната заштита изјавил дека во сударот се повредени најмалку 95 лица и дека тие се префрлени во болници. Тој изјавил дека еден од возовите превезувал патници додека другиот бил празен.
Несреќата се случила во Џбел Џелуд, јужно предградие на главниот град на земјата. Засега не е позната причината за несреќата.
Според портпаролот, повеќето од повредените се со скршеници и не се пријавени сериозни случаи на повреди.
Egypte : 95 blessés dans la collision entre deux trains à Tunis https://t.co/lIHKwtJwEZ pic.twitter.com/45MYjtE35Z
— koaci.com (@Koaci) March 21, 2022
Во декември 2016 година, пет лица загинаа, а 50 беа повредени во истата зона во судар на автобус и воз, што се случи поради оштетена инфраструктура.
Тунис ја имаше една од најтешките железнички несреќи во својата понова историја во јуни 2015 година, кога 18 лица загинаа во судар на воз и камион во Ел Фахес, на околу 60 километри јужно од главниот град на Тунис.
Тој судар се случи поради грешка во сигнализацијата.