Сандра Булок откри од која улога се срами. Вели „Брзина 2: Контрола на крстарење е филм за кој сè уште ми е непријатно што сум во него. Гласно го критикував тој филм, бавен брод што полека оди кон остров“, рече таа во едно интервју што го пренесува „Вараети“.
Во истото интервју бил и Даниел Ретклиф, нејзиниот колега од „Изгубениот град“. Тој е фан на филмот од кој Сандра денес се срами.
„Даниел и уште пет други 12-годишници кои гледаа бавен брод како полека оди кон мало островче“, се пошегува Сандра. Таа деновиве објави дека се повлекува од актерството. сандра (57) рече дека не е сигурна до кога ќе трае паузата но дека засега смета дека е најдобро да се посвети на семејството.
Филмот од 1997 година е продолжение на култниот „Брзина“ (1994). Вториот е во режија на Холанѓанецот Јан де Бонт, а главните улоги заедно со Сандра ги толкуваат Џејсон Патрик и Вилем Дефо. Филмот помина многу лошо и кај критичарите и кај публиката и беше номиниран за осум „Златни малини“, а ја освои и наградата за најлошо продолжение.
Киану Ривс глумеше во оригиналниот Speed, но одби да глуми во двојката бидејќи оцени дека нема потенцијал за втор дел.