Нови сателитски фотографии од Мариупол- градот изгледа страшно

пред 3 години

Максар објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој со недели беше бомбардиран и гранатиран од руските сили.

Повеќе од 80 отсто од станбените згради во градот беа оштетени, а многу беа урнати. Украина го отфрли ултиматумот на Русија, која бараше предавање на градот.

Мариупол е последниот голем град во тој дел од земјата што е под контрола на Украина.