Украинските вооружени сили објавија дека Русија распоредува оружје во соседна Белорусија. Тоа е, како што тврдат, нов руски план – сакаат да го опкружат главниот град Киев.
– Целта е да се обидеме да подготвиме и да извршиме офанзивни дејствија за опсада на градот Киев – се наведува во соопштението на вооружените сили.
– Руското воено раководство почнува да сфаќа дека расположливите сили и ресурси не се доволни за одржување на привремено окупираните територии на Украина и спроведување одбранбени операции.
Руските сили исто така собираат опрема на Крим и претрпуваат значителни загуби, беше објавено.