Паника во светот откако Северна Кореја лансира ракета-чудовиште: Светот да биде свесен за нашата моќ

пред 3 години

Кина денеска побара од сите страни да покажат воздржаност поради ракетниот тест со долг дострел извршен од Северна Кореја, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„ Изразуваме загриженост поради актуелната ситуација – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесува Срна.

САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Албанија и Норвешка побараа од Советот за безбедност на ОН да одржи јавна седница денеска на која ќе се разговара за најновото лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, соопштија дипломатски извори.

Јужнокорејската и јапонската армија вчера објавија дека Северна Кореја ја тестира својата најголема интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Еден аналитичар ја опиша новата ракета како „ракета-чудовиште“, пишува Би-Би-Си.

Северна Кореја објави дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, со цел да ја зајакне нуклеарната одбрана од „американскиот империјализам“, објавија државните медиуми на таа земја.

Лидерот Ким Џонг Ун лично го водеше тестирањето, објави агенцијата КЦНА.

„Појавата на ново стратешко оружје ќе го направи целиот свет уште еднаш свесен за моќта на нашите стратешки вооружени сили“, рече Ким, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на САД, Јапонија и Јужна Кореја го осудија лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета.

Share
Scroll to Top