Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Украина и Русија изгледа постигнале „разбирање“ за четири од шест теми, за кои се разговараше за време на преговорите.
Обраќајќи им се на новинарите при враќањето од самитот на НАТО во Брисел, Ердоган исто така рече дека денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот „или во првите денови од следната недела“.
„ Има шест теми на преговорите меѓу Русија и Украина, се чини дека меѓу нив има разбирање за четири теми“, рече Ердоган.