СДСМ и ДУИ заборавија на ветените 130 милиони евра субвенции. И не само што ги заборавија, туку и не ги доисплатија субвенциите од 2018, 2019 и 2020 година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Оваа година владата во програмата за директни плаќања и рурален развој се одвоени едвај 79.5 милиони евра, од кои најголемиот дел, т.е. 58 милиони евра се за неисллатените субвенции кои се влечат со години.
Интервентниот фонд СДСМ и ДУИ не го предвидоа во буџетот за 2022 година, туку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани го предложија и стана составен дел од буџетот. Во реалноста земјоделците не можат да си го продадат произведеното, и земјоделските култури завршуваат на буниште. Во сред светска криза за храна, нашите производи остануваат неоткупени. Тоа е вина на владата која не знае да најде пазари и да договори пласман“ се наведува во соопштението.