Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој не се појави во јавноста од 11 март, што ги поттикна шпекулациите за неговото здравје и каде се наоѓа, претседаваше со состанок на армијата и зборуваше за залихи на оружје, прикажано е на видео снимка објавена од руското Министерството за одбрана. објави Ројтерс.
Во видеото, Шојгу вели дека разговарал со Министерството за финансии за прашања од воениот буџет и наредбите за одбрана.
„Приоритети се оружје со голема прецизност со долг дострел, воздухопловна опрема, како и одржување на борбената готовност на стратешките нуклеарни сили“, рече министерот на работната средба со раководството на воениот оддел, каде што исто така нагласи дека одбранбената наредба се одвива според планот.
$bp(“Brid_48287757”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”428″,”video”:”980548″,”autoplay”:0,”shared”:true});
На состанокот присуствуваа највисоките руски воени претставници, меѓу кои и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, кој исто така не е виден во јавноста.
Русија својата инвазија на Украина ја нарекува „државна одбрана“ и „специјална воена операција“.
Претходно Украинците тврдеа дека Шојгу доживеал срцев удар, а пласирана беше и теорија за наводна расправија со рускиот претседател, Владимир Путин.