Ученик во Србија доби единица откако на писмена задача цитираше стих од евровизиската песна на Констракта „Ин корпоре сано“. На писмената задача со тема „Уметноста е мост што ги спојува времињата и народите“, тој напишал „Уметницата мора да е здрава“. Сликата на која се гледа дека е оценет со единица се споделува на Тик-ток и е вистински хит во регионот.
„Па во право е детето“, „За ова заслужува 5“, „Некои професори се заглавени во времето“, се дел од коментарите.