Професор д-р Леонид Наков упати демант на соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Демантот го објавуваме во целост:
„Со големо изненадување и неверување го прочитав денешното Соопштение од ВМРО ДПМНЕ, објавено во медиумите, а кое содржи редица на невистини, со цел обид за дисквалификација, упатени кон мене, поради што се одлучив да ја запознаам целокупната јавност со објективната и реална фактичка состојба.
Имено, мојот ко-авторски труд The Impact of Organizational Changes on Increasing SMEs Competitiveness претставува оригинално методолошко-емпириско истражување, кои се потпира врз изворни податоци, анализи и модели, кои се обезбедени и подготвени од страна на самите автори.
Оттука, во ниту еден случај не може да стане збор за плагијат, со што, сите објавени обвинувања во Соопштението се апсолутна невистина. Ова не е ништо друго освен неуспешен обид за неосновано нанесување штета кон мојата личност и углед.
Впрочем, сите мои домашни и меѓународни експертски позиции претставуваат најдобриот одговор за мојот личен и професионален интегритет, углед и препознатливост“, се наведува во демантот на проф. д-р Леонид Наков.