Трој Коцур (53) влезе во историјата на Оскарите во неделата. Тој е првиот актер со оштетен слух кој освоил Оскар и втор воопшто, по Марли Матлин, првата актерка со оштетен слух која освои Оскар, за „Децата на помалиот Бог“, во 1987 година .
„Ова е неверојатно да се биде овде на ова патување. Не можам да верувам дека сум тука. Ви благодарам многу на сите што ја препознаа мојата работа“, рече тој и додаде дека е среќен што КОДА допре до публиката ширум светот па и до Белата куќа.
Коцур се пошегувал како сакал да ги научи претседателот Бајден и првата дама Џил Бајден „валкан знаковен јазик“, но колешката Марли Матлин му рекла „да се однесува добро“.
„Не грижете се, Марли. Нема да фрлам никакви Ф-бомби во мојот говор денес“, додаде Коцур, кој сепак предизвика смеа . Актерот трогна многу луѓе од публиката, вклучително и неговиот преведувач, кога почна да зборува за својот покоен татко.
„Татко ми беше најдобриот потписник во нашето семејство. Тој доживеа сообраќајна несреќа и остана парализиран од вратот надолу, па не можеше да потпише“, рече тој и додаде “Тато, научив толку многу од тебе и секогаш ќе те сакам. Ти си мојот херој“.
Својата награда Оскар Коцур ја посвети на заедниците на глуви, CODA и инвалиди. „Ова е нашиот момент“, изјави тој. “Успеав!”
Коцур доби овации од публиката преполна со ѕвезди во театарот „Долби“.