Песков: Русија нема да користи нуклеарно оружје поради Украина

пред 4 години

Русија ќе прибегне кон нуклеарно оружје само ако нејзиното „постоење“ е загрозено, а не поради исходот од сегашниот конфликт со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Имаме безбедносен концепт кој многу јасно кажува дека само кога постои закана за постоењето на државата во нашата земја можеме да користиме и навистина ќе користиме нуклеарно оружје за да ја отстраниме заканата за постоењето на нашата земја“, рече Песков.

Тој исто така нагласи дека се подразбира оти каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба на нуклеарно оружје“.

Share
Scroll to Top