Кулеба ги советува украинските преговарачи: Не јадете и не пијте ништо додека сте со Русите

пред 3 години

Украинскиот министер за надворешни работи ги советуваше украинските преговарачи да не јадат и пијат ништо додека преговараат со Русите, откако се појавија информации дека Роман Абрамович и некои членови на украинската делегација се отруени.

– Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте допирање на која било површина. Тоа е од прва рака – изјави Кулеба, пренесува Sky News.

Инаку, украинскиот преговарачки тим го сочинуваат советникот на Зеленски Михаил Подољак и министерот за одбрана Олексеј Резников.

Преговорите се водат во Турција, а украинската делегација посочи дека нејзин главен приоритет е да се обезбеди прекин на огнот.

Share
Scroll to Top