Силна порака на Ердоган до преговарачите на Украина и Русија: Продолжувањето на војната никому не оди во корист

пред 3 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обрати во Истанбул пред почетокот на руско-украинските преговори кои почнуваат денеска.

– Продолжувањето на војната никому нема да има корист. Враќањето на мирот ќе им користи на вашите земји и на сите други. Вие како делегации ја носите историската одговорност за одлуките донесени денеска – рече Ердоган обраќајќи им се на руските и украинските преговарачи.

Ердоган посочи дека Турција покажа фер пристап со заштита на правата, законите, чувствителноста и на руската и на украинската страна на сите меѓународни платформи.

Тој повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу рускиот и украинскиот претседател.

Инаку, турскиот претседател беше цитиран на Твитер од советникот на Зеленски и главен украински преговарач Михаило Подољак.

Share
Scroll to Top