Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео од Ирпин: Покрај урнатините од зградите, на улиците има и тела на цивили

пред 3 години

Си-Ен-Ен објави видео од уништувањето во Ирпин, град кој од понеделникот е вратен под контрола на Украина. Според Си-Ен-Ен, обемот на уништувањето може да се види на видеото што го обезбеди невладината организација „Украински проект за сведоци“.

Автентичноста на видеото ја потврди и Си-Ен-Ен. Ова е едно од првите видеа во последниве недели од источниот дел на Ирпин, бидејќи интензивните борби таму спречија безбеден пристап. Видеото, снимено во вторник, прикажува шумско предградие кое личи на апокалиптично пустош.

Ветерот што дува низ преостанатите дрвја и тропотот на лимот против металот е единственото нешто што се слуша на снимката, понекогаш оддалеку се слуша тапа бучава од воен удар.

Освен урнатините од уништените згради, на улиците има само тела на цивили. На видеото има најмалку пет тела. Не е јасно кога починале, додаваат тие, според Си-Ен-Ен.

Share
Scroll to Top