Целосно новиот PEUGEOT e-208 Allure Premium е прогласен за „Мал електричен автомобил на годината“ на инаугуративниот “What car?”, победувајќи голем број ривали за титулата, вклучувајќи ги Honda E и Renault Zoe. Станува збор за автомобил од новaта генерација на 100% PEUGEOT електрично возило, кој продолжува да освојува награди, носејќи ја наградата „Електричен мал автомобил на годината“. Воедно целосно новите PEUGEOT 208 и e-208 беа прогласени за „Европски автомобил на годината“ претходно оваа година. Стручното жири на “What Car?” беше импресионирано од уникатната филозофија на PEUGEOT – „Изберете го вашиот PEUGEOT, изберете го вашиот погонски систем“, што им овозможува на купувачите да изберат помеѓу 100% електричен нов е-208 или бензинските и дизел варијантите на новиот 208, без компромис во практичноста, спецификацијата или способноста. Впечатливиот ентериер на новиот e-208 Allure Trim исто така постигна високо рангирање од страна на судиите на „What Car“. Тие го пофалија новиот ентериер со најновиот Peugeot 3D i-Cockpit за дизајнот и пакетот технологија како и безбедносните карактеристики на возачот. Еластичната суспензија и практичниот опсег на батеријата во реални услови исто така добија високи оценки. (ПР текст)
Peugeot e-208 прогласен за мал електричен автомобил на годината
пред 4 години