post-image

(Видео) На Кети Пери ѝ се скинаа панталоните во „Американски идол“

пред 3 години

На американската пејачка Кејти Пери за време на настапот во „Американски идол“ ѝ се скинаа кожните панталони. Незгодата се случи додека го пееше нејзиниот хит Teenage Dream.

„Може ли да добијам лента?“, ги праша Пери асистентите, а потоа нејзините колеги во жирито Лук Брајан и Лионел Ричи ѝ помогнаа да ги залепи.

Инаку ова не е првпат Кејти да се најде во ваква незгодна ситуација. За потсетување, пред четири години ѝ се скинаа уште едни панталони додека снимаше дует во истото шоу.

„Имам добри и лоши вести денес. Нема да можам да настапам во живо“, рече тогаш Пери.

Претходно пак за време на нејзиниот настап на Супербоул, во 2015 година, го раскина костумот на два дела, откако претходно скокаше од еден на друг сет. За среќа тогаш преносот не се одвиваше во живо.

„Затоа имаме проби со костумите“, појасни подоцна водителот Џими Кимел.

Share
Scroll to Top