Русија нема да разговара за прашањето за Крим со никого, дури ни во преговорите со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции.
„Крим е дел од Русија и во согласност со нашиот Устав не можеме со никого да разговараме за судбината на територијата на Русија, руските региони. Тоа е исклучено, тоа е напишано во нашиот Устав. И ние нема да разговараме за некои нијанси од преговорите со вас“, вели Песков, одговарајќи на прашањето дали има варијанти на договорот со Украина за Крим во контекст на повикот од Киев за враќање на полуостровот со воени средства, пренесуваат руските агенции.
Како што потсетуваат, Крим и се приклучи на Русија по референдумот што се одржа во март 2014 година, на кој мнозинството жители на Крим и Севастопол гласаа за присоединување кон Русија.
Украина го смета Крим за нејзина привремено окупирана територија, додека руските власти постојано изјавуваа дека Кримјаните се изјасниле за приклучување кон Русија на демократски начин и во согласност со меѓународното право и статутот на ОН.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека прашањето е затворено, пренесе Спутник.