(Видео) „Адидас“ ја промовира новата топка со која ќе се игра на Светското првенство

(Видео) „Адидас“ ја промовира новата топка со која ќе се игра на Светското првенство

пред 4 години

Од компанијата „Адидас“ ја промовираа новата топка со која ќе се игра на престојното светско фудбалско првенство во Катар. Топката се вика „Ал Риха“ и во превод од арапски значи патување.

Нејзините креатори рекоа дека ова е најбрзата топка која е некогаш направена. Интересна е и по шарите и боите на белата површина кои ќе оживеат кога таа ќе се тркала на теренот. Ова е 14 последователна топка на „Адидас“ на Светските првенства.

Внатрешниот дел на топката е изграден на основа на детални анализи и искористени податоци од ригорозни тестирања во лабораториите на „Адидас“ во аеротунелите и на теренот.

„Ал Риха“ дава највисоко ниво на прецизност и сигурност на теренот делумно поради новиот облик и површината на самата текстура.

„Ctr-core“ е иновативно јадро во внатрешноста на топката што е наместено да ја подобри прецизноста и конзистентноста, поддржува брзо, прецизно играње со максимална форма и задржување на воздухот, додека „Speedshell“ е полиуретанска (PU) топка со микро и макро текстура во нови панели во форма на 20 парчиња, кои ја подобруваат аеродинамиката, прецизноста, стабилноста на летот и ротацијата на ударот.

Топката ќе биде претставена на специјален терен пред да биде транспортирана и донирана на тимот Челенџ, првиот носител на титулата во Саудиска Арабија во женска конкуренција. 

„Во „Адидас“ веруваме дека спортот им припаѓа на сите и бевме посветени и активни во подобрувањето на пристапот и еднаквоста за нашата глобална заедница на фудбалери. Како дел од оваа посветеност во своето патување низ светот, Ал Рихла ќе ги поддржи локалните заедници со активности дизајнирани да создадат трајно влијание врз населението и пошироко“, рече Ник Крегс, генерален менаџер на фудбалскиот сектор на „Адидас“.

Share
Scroll to Top