Законот за употреба на јазици да се имплементира соодветно според резултатите од пописот, бараат од Партијата на Турците

пред 3 години

Задоволувачки факт е што после две декади Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики, соопшти Партијата за движење на Турците.

„ Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20%, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците. ТХП апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува“ велат од партијата.

ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини. Исто така очекуваат пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес.

Share
Scroll to Top