Во текот на вчерашниот ден, Intel ги претстави своите први графички картички за лаптопи, а нивните спецификации се поклопија со деталните неофицијални наводи. Меѓутоа, она што, веруваме, сите најмногу ги интересираше е претставувањето на дискретните графички решенија, кои ги најави компанијата, но и натаму одбива офиицјално да ги претстави.
На некој начин, барем ги добивме првите знаци за живот на Intel’s Arc Alchemist дискретните графички решенија на самиот крај на презентацијата. Филмовите од Марвел универзумот нè навикнаа на најави за идни достигнувања во кратките сцени на самиот крај на филмот, а Intel посегна кон нешто слично во своето последно претставување.
Имено, по објавата на графичките карти за лаптопи, се појави првото официјално видео кое ја претстави Inter Arc графичката карта, на кое пишува дека е дел од лимитирана серија. Ова во суштина може да значи дека се работи за основната верзија на претстојниот хардвер, додека потенцијалните партнери на Intel би можеле нивните технологии да ги на свој начин и со свои дизајнерски решенија.
Од надворешната страна, оваа графичка карта изгледа многу модерно. Напредниот индустриски дизајн со црна ребраста задна страна која во целост ја сокрива внатрешноста изгледа футуристилки, додека доста пријатно изгледаше и внатрешноста на графичката карта.
Според изгледот, се чини дека графичката карта ќе зазема два слота во рамки на куќиштето, а за шпекулира и за решение кое би заземало и цели три слота, но за тоа се уште нема конкретни податоци.
Од внатрешната страна забележуваме многу уредни алуминиумски блокови за ладење, како и четири топлотни цевки кои се протегаат по целата должина на графичката карта. Во видеото немавме можност да ѕирнеме во печатената плоча и да добиеме подобар увид во самото срце на оваа графичка карта.