Кинескиот претседател до меѓународната заедница: Не додавајте масло на огнот

пред 3 години

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја повика меѓународната заедница да го поддржи преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина наместо да долева масло на огнот.

„Меѓународната заедница мора да продолжи да создава услови и амбиент за преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина, за да обезбеди простор за политичко решение. Неприфатливо е да се долева масло на огнот и да се влоши конфликтот“, рече Кси на виртуелниот самит на Кина и Европската Унија, пренесуваат агенциите.

Тој им рекол на лидерите на ЕУ дека Пекинг длабоко жали за моменталната ситуација во Украина, додавајќи дека Кина и ЕУ треба да придонесат за стабилноста во турбулентниот свет.

Share
Scroll to Top