Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.
Честитајќи и на Белорусија по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, Путин истакна дека Москва и Минск во последно време се соочуваат со невиден надворешен притисок.
„Сигурен сум дека најдобриот одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области“, рече рускиот лидер во честитката.