Преку видеоигра бил извршен најголемиот грабеж во историјата со криптовалути. Медиумите пренесоа дека хакери успеале да украдат 173.600 ETH, околу 600 милиони долари од учесниците во играта Axie Infinity, во која играчите користат криптовалути за заработка.
Axie Infinity е игра која го користи принципот „играј за да заработиш“, во која играчите можат да инвестираат во криптовалути, а потоа играат за да заработат што повеќе дигитални валути кои можат потоа да ги конвертираат во пари.
Оваа игра се смета за една од најпопуларните во светот. Организаторите пренесоа дека делумно за грабежот причина е и човечки фактор.
Шест дена никој не забележал дека парите криптовалутите биле украдени. Ова им овозможило на хакерите да ја превземат контролата врз четирите јазли за валидација на мрежата Ronin и да почнат да префрлаат средства во нивните паричници. Хакерскиот напад траел од 23 март до 29 март период во кој биле повлечени 5.000 ЕТХ. Кога одговорните откриле било предоцна.



Добрата работа е што засега најголем дел од парите се во паричникот на хакерот, што ги зголемува шансите истите да се вратат назад. Она што е проблематично е тоа што ваквите работи се случува сè почесто и дека бројките секој пат се сè поголеми.
Блокчејн е фантастична технологија која има навистина светла иднина, исто како и криптовалутите, но се чини дека во играта се во прашање многу пари и дека безбедноста не е на највисоко ниво.
Големите пари секогаш привлекуваат голем број злонамерни корисници кои сакаат да се збогатат преку ноќ. За разлика од банките и берзите, на хакерите изгледа им е многу полесно да ограбат различни платформи за поголеми суми пари, или криптовалути, NFT или нешто слично.






