Војна и мир е прашањето на изборите, изјави премиерот Виктор Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори во Будимпешта.
Претседателот на „Фидес“, кој беше придружуван од сопругата Анико Леваи, рече дека е убеден оти нивните противници не ја чувствуваат тежината или сериозноста на ситуацијата и дека можат да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот.
„Тоа би било трагично за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа. Тој рече дека војната е во соседството, меѓу големите земји и дека Унгарија мора да се држи настрана од неа.
Орбан и неговата партија „Фидес“ на изборите ќе се соочат со здружена опозиција, првпат откако дојде на власт на изборите во 2010 година.