Оставете го навечер покрај прозорецот со вклучено позиционирање на сателитот и вашиот паметен телефон ќе снима варијации на сателитски сигнали и ќе собира метеоролошки и вселенски податоци
Апликацијата CAMALIOT, развиена преку Програмата за иновации и поддршка на навигација на Европската вселенска агенција (NAVISP), е погодна за повеќе од 50 модели на паметни телефони, опремени со двофреквентни приемници за сателитска навигација.
Покрај тоа што користењето на апликацијата ќе помогне во креирањето на нови модели на прогноза на времето, како на Земјата така и во вселената, учесниците во оваа crowdsource кампања ќе добијат и голем број награди, вклучувајќи нови телефони и ваучери на Amazon. Оваа четиримесечна кампања на „граѓански науки“ трае до крајот на јули.
„Глобалните навигациски сателитски системи како што е европскиот Галилео го револуционизираа секојдневниот живот. А прецизно модулираните сигнали кои постојано генерираат десетици GNSS сателити во орбитата се вреден научен ресурс“, објаснува инженерот за навигација на ESA, Висенте Наваро.
Десетици илјади постојани GNSS станици континуирано снимаат сателитски податоци. Како што сателитски сигнали патуваат до Земјата, тие се менуваат со количината на водена пареа во долниот дел на атмосферата и на тој начин помагаат да се предвидат врнежите. Проектот е инспириран од иницијативата [email protected], каде домашните лаптопи помагаат да се бараат знаци на вонземски живот.
Комбинацијата на Galileo двопојасниот приемник за паметни телефони и поддршката за Android за снимање необработени GNSS податоци ја отвори можноста за дополнување на податоците од фиксните GNSS станици со податоци од десетици милиони паметни телефони. Собраните податоци се користат за проучување на досега невидливите климатолошки обрасци на Земјата и во вселената.
Ова е првиот чекор во проширувањето на збирката на GNSS податоци со користење на Интернет, односно со комбинирање на информациите собрани со фиксни сензори, дронови и паметни телефони.
CAMALIOT е предводен од конзорциум предводен од Швајцарскиот федерален институт за технологија ETH Цирих во соработка со Меѓународниот институт за анализа на применети системи (IIASA).