По преземени мерки и активности во врска со расчистување на сторени тешки кражби од станови и куќи на подрачјето на Скопје, полицијата на 2. април во 19. часот на улуца „Разлошка“ го лишила од слобода Р.В. (48) од Скопје.
По насока на јавен обвинител и по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, а со него бил извршен и службен разговор, при што било утврдено дека извршил пет тешки кражби и еден обид за тешка кражба во куќи и станови.
Против него е поднесена кривична пријава за сторени шест кривични дела, а од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор.