Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го осуди военото злосторство во Буча, каде беа пронајдени стотици убиени цивили, уште еднаш изразувајќи поддршка и солидарност со Украина.
„ Го осудивме военото злосторство во Буча кај Киев, каде што гледаме егзекуција на цивили на брутален начин, што најостро го осудуваме и уште еднаш изразуваме поддршка и солидарност со Украина“, изјави премиерот.
$bp(“Brid_49094039”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”986297″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Украина ја обвини Русија за геноцид, тврдејќи дека пронашла тела на 410 цивили во околината на Киев, но Москва ги отфрла обвинувањата и тврди дека снимката од Буча била нарачана.
На прашањето за некоординираните позиции со претседателот Зоран Милановиќ, кој не го осуди злосторството, Пленковиќ посочи дека неговиот став бил конзистентен од самиот почеток во однос на Украина и руската агресија и дека на Украина и се помага дипломатски, економски, технички, воено …
„ Ние сме овде доследни и не ја менуваме нашата позиција, а што се однесува до разликите, ова не е прашање за нас, туку за некој кој не ги гледа добро работите што секому му се јасни“, рече тој.
Кога станува збор за гонење на одговорните за воените злосторства во Русија, како што побара меѓународната заедница, Пленковиќ рече дека ги поддржува сите такви напори за обезбедување и собирање докази и на крајот меѓународно судење.